Аплицирај Контактирај не

Политика за приватност

Општо за заштита на приватноста и личните податоци

МА ГАМИНГ посветува особено внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент од деловните процеси преку имплементација на стандардите утврдени со законските и подзаконските прописи за заштитана личните податоци. Вашата доверба е клучна за она што ние го работиме, затоа сметаме дека нашите практики за приватност треба да бидат транспарентни и јасни.

Личните податоци и информации што ќе ни бидат откриени, ќе бидат обработени само доколку за тоа постои законски основ, односно само за конкретна цел и секако со Ваша согласност во случај кога е тоа неопходно.

Ние не собираме информации односно лични податоци од деца.

Во оваа политика за приватност и колачиња ќе пронајдете потребни информации за тоа како ние постапуваме со Вашите лични податоци, односно колачиња.

Нашата политика за приватност и колачиња редовно се менува и ажурира во согласност со нашите активности и потреби за што ќе бидете навремено известени. Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не директно на: dgeorgievski@novomatic.com


Информации за контакт на Контролорот

МА ГАМИНГ согласно Законот за заштита на личните податоци (Службен Весник на РС.Македонија бр.42/2020) е во својство на контролор за личните податоци кои ги обработуваме, освен ако нешто друго во овој документ не е поинаку наведено.

Постојат повеќе начини на кои можете да не контактирате, преку е-пошта, разговор во живо во сите подружници низ земјава и пошта. Повеќе детали може да се видат на нашата веб-страница www.admiralclub.com.mk .

Можете да не контактирате на електронска пошта dgeorgievski@novomatic.com или contact@admiralclub.com.mk.


Како ги добиваме информациите и личните податоци кои ги обработуваме?

Повеќето лични податоци и информации што ги обработуваме ни се дадени директно од Вас заради една од следниве причини:


Податоците што ги собираме се ограничени и најчесто, но не исклучиво се однесуваат на:


Информации што ги добиваме додека Вие сами пребарувате на нашата веб-страница (прелистување на податоци):

Покрај видовите информации што Вие сакате да ни ги доставите, ние ги добиваме и следниве технички информации, кои под одредени услови сепак може да се сметаат за лични податоци, самостојно или пак кога се комбинираат со други податоци:



Користење и споделување на Вашите лични податоци

Било какви лични податоци што ни ги доставувате, се користат од наша страна за да ви ги обезбедиме највисокиот квалитет на нашите услуги и информации наведени во овој документ. Ние никогаш нема да ги продадеме Вашите лични податоци на никого, ниту пак неовластено ке ги дадеме на некој друг на користење. За секоја промена ќе бидете известени со нова, ажурирана Политика за приватност и колачиња за што навреме дополнително ќе биде објавено соопштение на нашата веб страница.


Било какви лични податоци што сме ги стекнале за време на Вашето користење на нашите услуги се користат само за добивање анонимни статистички информации на нашата веб-страница, како и за проверка на нивното правилно функционирање односно подобрување на квалитетот на нашите услуги. Овие податоци се бришат веднаш по обработката. Ние нема да ги споделуваме Вашите информации односно лични податоци со трети лица заради цели на директен маркетинг освен доколку за тоа немаме Ваша експлицитна согласност.


Вашите права за заштита на личните податоци:

Според Законот за заштита на личните податоци, Вие имате права за кои треба да Ве информираме. Правата што Ви се достапни зависат од целта, односно причината за обработка на Вашите лични податоци. Повеќе информации на ова тема можете да најдете на веб страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk односно да поставите прашање до нашиот офицер за заштита на личните податоци на dgeorgievski@novomatic.com или до нашиот државен орган-надлежно регулаторно тело на info@privacy.mk.


Вашите права се:


1.Право на пристап

Имате право да побарате од нас копии од Вашите лични податоци. Ова право секогаш се применува. Постојат некои исклучоци, според законот, што значи дека не секогаш може да ги добивате сите информации што ги обработуваме.


2.Право на исправка

Имате право да побарате од нас да ги исправиме информациите што мислите дека не се точни. Вие исто така имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите што мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.


3.Право на бришење

Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право се применува само под одредени услови согласно закон.


4.Право на ограничување на обработката

Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.


5.Право да се спротивставувате (барање да се прекине целосно со обработката) на обработката

Имате право да се спротивставувате на обработка само доколку обработката на Вашите лични податоци не претставува дел од нашите законски обврски или е во наш легитимен интерес.


6.Право на преносливост на податоци

Ова се однесува само на информациите што Вие ни ги давате. Вие имате право да побарате да ги пренесеме информациите, односно личните податоци што ни ги давате од една во друга организација (контролор) или да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на Ваша согласност, или во процес за склучување договор во кој вие самите сте едната страна односно доколку обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме Вашите информации за цели на спроведување на законски обврски од домен на кривичното право и постапка


Од Вас не се бара да платите никаква такса за остварување на горенаведените права, освен кога тоа во зависност од Вашето барање е поврзано со особено голем број на операции или активности за што ќе бидете однапред информирани. Во врска со ова редвидени се одредени исклучоци и согласно Законот за заштита на личните податоци. За остварување на Вашите права, согласно посочениот пропис, односно постапување по Ваше Барање, согласно законот имаме рок од еден месец за одговор.


7.Право да се жалите (Право на приговор)

Ние работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на Вашите лични информации, сепак доколку имате било какви прашања или проблеми, контактирајте не на dgeorgievski@novomatic.com и ние ќе одговориме.

Ако сепак во било кој случај останете незадоволни, можете да поднесете жалба за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични информации до Агенцијата за заштита на личните податоци на info@privacy.mk


За остварување на Вашите правата, можете да поднесете соодветно барање. Обрасците можете да ги најдете овде:



За Колачињата(Cookies)

Cookies (“колаче”) се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер односно друг уред при вашата следна посета на нашата веб страна со што се овозможува побрз и поадекватен пристап. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер,односно друг уред со кој се приклучувате на www.admiralclub.com.mk со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според Вашите потреби и навики. Сите информации кои се меморираат односно чуваат во рамките на „Cookies“ ќе бидат искористени само за потребите на нашата веб страна и тоа на начин на кој Вашата приватност односно лични податоци нема да бидат загрозени. Со користењето на оваа веб страница www.admiralclub.com.mk ВИЕ се согласувате, односно ги прифаќате одредбите кои се наведени во Полтиката за приватност и колачиња на Контролорот.


Зошто користиме колачиња (Cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (Cookies) од следниве причини:



Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Контролорот сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.


Каков вид на колачиња (Cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (Cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.


Изборот на cookies го правите преку опцијата – Cookie settings, на почетниот екран од web сајтот на Друштвото.


Информации како да ги оневозможите колачињата за сите web сајтови?

Менито „Помош“ („Help“) во лентата со алатки на Интернет пребарувачот на вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците:



Промената на подесувањата на cookie е различна кај секој пребарувач. Можете да најдете детални информации со кликање на https://www.aboutcookies.org (на англиски јазик), што ќе ви даде совети за промена на подесувањата на cookie кај сите современи пребарувачи, или можете да не контактирате на e-mail.


Промена во условите за употреба на Политиката за приватност и колачиња

Политиката на приватност и колачиња повремено може да се менува. Поради тоа, Ве молиме, редовно прегледувајте ја со цел да бидете информирани.


Дополнителни информации Вашата доверба ни е многу важна. Ако имате дополнителни прашања во врска со обработката на вашите лични податоци од страна на МА Гаминг, ве молиме не двоумете се писмено да го контактирате Офицерот за Заштита на Лични Податоци во МА Гаминг на следната адреса:


МА Гаминг ДООЕЛ

Ул.50-та Дивизија 24а

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Е-маил: contact@admiralclub.com.mk

Офицер за заштита на лични податоци: dgeorgievski@novomatic.com

Ние користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето искуство на нашиот веб сајт.

Прочитај повеќе