Имаш барменско искуство и во потрага си по нова работа која е интересна и перспективна, но и сигурна и добро платена? Ако поседуваш одлични комуникациски вештини, самоиницијативноста и работа во тим ти е јака страна, динамичен си и умешен во работа под притисок?
Тогаш Адмирал е за тебе!!
МА Гаминг ДООЕЛ, општествено одговорна компанија, основана е уште од 2009 година во Македонија и денес брои повеќе од 700 вработени. Со повеќе од 15 години успешно работење, МА Гаминг, како своја најголема придобивка ги смета своите вработени кои благодарение на нивните вештини, посветеност и одлучност, заеднички ја креираат својата светла иднина. Нашите вработени, со нивната посветност и лојалност, се клучен дел од успесите и растот на компанијата во целост. Кај нас ве очекуваат многу различни активности и нови предизвици.
Доколку веруваш дека си за оваа работа тогаш
МА Гаминг ти нуди:
- Сигурна работа во успешна и брзорастечка компанија
- Јасно поставено скалило на работни обврски и очекувања
- Работа во забавна и динамична средина
- Тимско работење, со добри меѓучовечки односи и пријатна работна атмосфера
- Компетитивна плата и бонуси,
- Договор за работа во согласност со законот, 20 дена годишен одмор, регрес, платени ноќни смени, празници и недели, подарок за склучување на брак
- Бонус за препорачан пријател за работа
- Колективно осигурување
- Работа во смени, со одличен однапред предвиден распоред и до 10 слободни денови во месецот
- Можност за професионално усовршување и напредување
Потребни вештини и барања:
- Завршено средно образование
- Способност за работа под притисок и умешност во решавање на конфликти
- Чесен однос кон работата, доверливост и лојалност
- Љубезност и педантност, позитивен и ведар дух
- Одговорност и прецизност при извршување на работните обврски
- Одлични комуникациски вештини за услуга на клиенти
Ако сметаш дека си идеален за оваа работа, аплицирај и вработи се како Бармен/ка и биди дел од успешниот тим на Адмирал. Испратете го вашето CV, со контакт број, и доколку сте избрани во потесен круг, ќе бидете повикани на интервју